Утрински Весник
Свет

(Видео) Уапсен руски гувернер, маскирани агенти го извлекоа од автомобилот и го ставија во комбе

(Видео) Уапсен руски гувернер, маскирани агенти го извлекоа од автомобилот и го ставија во комбе

Руските безбедносни сили го уапсија гувернерот кој ја победи владејачката партија на изборите во 2018 година на Далечниот Исток, обвинувајќи го дека убил неколку бизнисмени пред 15 години.

Сергеј Фургал, гувернер на регионот Кабаровск, беше извлечен од возилото од маскирани агенти кои го ставија во комбе, покажуваат снимките на Истражниот одбор, кој е руска верзија на американскиот ФБИ.

https://www.youtube.com/watch?v=TZ2271FDmHw

Истражниот комитет соопшти дека обвинението против Фургал ќе биде поднесено наскоро.

Тој е осомничен дека меѓу 2004 и 2005 година наредил ликвидација на неколку стопанственици и ако биде прогласен за виновен, би можел да се соочи со доживотен затвор.

Агенцијата не наведува детали за наводните злосторства, но потврди дека во врска со тој случај веќе биле уапсени четворица членови на организираната криминална група и дека лицата вмешани во убиствата доставиле докази против Фургал.

Фургал, член на Либерално-демократската партија (ЛДПР) и поранешен пратеник, беше многу популарен во споменатиот пацифички регион каде ја освои власта во 2018 година, победувајќи ја партијата Обединета Русија која го поддржува претседателот Владимир Путин.

Иако и ЛДПР го поддржува Путин, победата на Фургал беше толкувана како удар на владејачката партија, која ги држи руските региони цврсто во рака.

Политичкиот аналитичар Абас Галијамов смета дека апсењето на Фургал е предупредување за опозициските партии кои ќе и се спротивстават на владејачката партија на регионалните избори во септември.

Лидерот на ЛДПР, Владимир Жириновски, се закани дека неговата партија и сојузниците би можеле да го напуштат парламентот во знак на протест.

„Ние ви дадовме устав, а вие ни ставате лисици“, рече Жириновски.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Светот во 2024 / САД – Избори како никогаш досега и “паразит што изел парче од мозокот на Кенеди”

Спречен терористички напад во Москва

Белгија без нова Влада и 200 дена по изборите