Утрински Весник
Свет

(Видео) Уапсен напаѓачот кој прободе полицајка во Франција

(Видео) Уапсен напаѓачот кој прободе полицајка во Франција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Француска полицајка претрпе сериозни повреди денес кога беше прободена во близина на Нант и се наоѓа во критична состојба, а локалната телевизија БФМ известува дека напаѓачот е уапсен.

Тој, наводно, влегол во полициската станица, ја нападнал службеничката со нож, а потоа украл пиштол од полицаец и побегнал со автомобил.

https://www.youtube.com/watch?v=xTnF9TCcats

Наскоро имал сообраќајна несреќа, откако побегнал од полицијата.

Службениците за спроведување на законот стигнале до него, а при апсењето имало пукање и некои полицајци биле полесно повредени, објави „Ројтерс“.

Во потрагата по осомничениот учествувале два хеликоптери, кучиња трагачи и повеќе од 200 полицајци.

Во моментов не е познат мотивот за нападот, а училиштата во областа се затворени.

Можете да прочитате

Напаѓачот од Бонди обвинет за 15 убиства

Трамп нареди целосна блокада на санкционираните танкери за нафта на Венецуела

Лавров: САД ни ветија украинска територија