Утрински Весник
Свет

(Видео) Уапсена ученичка, затворено училиште во САД бидејќи одбила да носи маска

(Видео) Уапсена ученичка, затворено училиште во САД бидејќи  одбила да носи маска

Шеснаесетгодишна средношколка од Вајоминг (САД) е уапсена, а училиштето што го посетувала е затворено бидејќи одбила да носи маска за лице против коронавирус, соопштија светските агенции.

Снименото видео покажува како ученичката Грејс Смит се состанува со училишните службеници и полицајци кои се појавија пред вратата на средното училиште Ларами во Вајоминг.

Смит веќе имала одлежано две последователни казни за одбивање да носи маска на час, како што бара училишниот одбор, и повторно се обидела да влезе во зградата без маска.

Таа е казнета со 500 американски долари, а потоа со лисици на рацете и уапсена за одбивање доброволно да го напушти училиштето, пренесуваат агенциите.

Можете да прочитате

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“