Утрински Весник
Свет

(Видео) Турски навивачи го скандираа името на Владимир Путин провоцирајќи ги украинските фудбалери

Dik 300x250 mk

Навивачите на фудбалскиот клуб Фенербахче ги испровоцираа приврзаниците и фудбалерите на Динамо Киев скандирајќи го името на рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Се започна откако Виталиј Бујалски постигна гол во 57. минута со кој неговиот тим донесе доволно водство за пласман во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Во таа прилика се сврте кон турските навивачи и ги испровоцира, а набрзо следеше реакција.

Низ стадионот „Улкер“ на азиската страна на Истанбул одекнуваше името на Владимир Путин, инсинуирајќи ја војната што Русија ја води со Украина.

На крајот причина повеќе за славење имаше Динамо кој славеше по продолженијата и се пласираше понатаму.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим