Утрински Весник
Свет

(Видео) Тројца американски војници загинаа при пад на хеликоптер во Њујорк

(Видео) Тројца американски војници загинаа при пад на хеликоптер во Њујорк

Тројца припадници на Националната гарда загинаа синоќа кога нивниот хеликоптер на тренинг лет падна во поле во западниот дел на американската сојузна држава Њујорк.

Авионот UH-60 Black Hawk, за медицинска евакуација, се урна околу 18:30 часот по локално време вчера во Медон, јужно од Рочестер, соопштија официјалните лица.

Се испитуваат околностите на несреќата, а во истрагата ќе учествува и Федералната управа за авијација.

Хеликоптерот полетал од воен објект во близина на меѓународниот аеродром Рочестер.

Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо изјави дека знамињата на државните згради ќе бидат спуштени на половина копје денес во чест на паднатите војници.

Шерифот од округот Монро на прес-конференција рече дека сведоците кои се јавиле во службите за итна помош пријавиле дека слушнале нешто како наизменичен звук на моторот и дека хеликоптерот летал многу ниско. Шерифот рече дека во несреќата нема преживеани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ и Меркосур потпишаа трговски договор со што се создаде најголемата зона на слободна трговија во светот

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите