Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трипуноски: 640 милиони евра за субвенции за земјоделците, покривање на полиси и проекти за наводнување

(Видео) Трипуноски: 640 милиони евра за субвенции за земјоделците, покривање на полиси и проекти за наводнување

Се наоѓаме пред крстопат и пред нас се две опции – едната е да останеме во калта заглавени и безперспектива, коja ни ja нуди СДСМ, и втората е одбереме да си ја обновиме државата со над 1000 мерки и проекти на кои се обврзуваме како ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Три години зeмјоделците едвај врзуваат крај со крај. Три години земјоделството не само што не оди напред, туку и стагнира. СДСМ ветуваа дека ќе обезбедат сигурен откуп и високи откупни цени, разни финдови,модернизација, ветуваа европско земјоделство, а сега имаме земјоделество како од 19 век.

Голготата на земјоделците мора да заврши. ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија за обнова на Македонија. Знаеме како, и се обврзуваме заради вас, вашите и наши деца. Македонија мора да ја биде.
За наредните четири години предвидуваме 640 милиони евра за субвенции, кои ќе бидат навремени и ќе се делат правично, не по партиски списоци, како што се прави тоа во моментов.

Се обврзуваме да инвестираме во одржување и изградба на системи за наводнување на земјоделските парцели ширум нашата држава, инвестиција која што ќе биде во висина од 80 милиони евра.
Предвидуваме многу и за младите кои сакаат да се занимаваат со земјоделество.

Неповратни средства ќе им бидат достапни на сите млади кои ќе сакаат нивната основна дејност да биде земјоделство, со кои ќе можат да набават механизација и друг вид на опрема потребна во процесот на обработка на земјиштето.

Се обврзуваме никогаш повеќе земјоделците да не се чудат како ќе го прехранат семејството затоа што родот им го уништиле временски непогоди. Во таа насока ќе ги покриваме полисите за осигурување на земјоделските насади и посеви во висина од 70%.

Имаме стратегија како да го промовираме извозот и да овозможиме поголеми откупни цени на земјоделските производи.

Дајте ја вашата поддршка за луѓе кои знаат да сработат, да го реализираат ветеното и да го вратиме достоинството на македонскиот земјоделец.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова! Гласајте за број 14 и за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“ порача Трипуно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија