Големо внимание на светската јавност минатата недела привлече претседателот на САД, Џо Бајден, откако се сопна на скалите и падна неколку пати додека се качуваше на летот за Атланта во базата Ендрус.
Белата куќа наскоро објави по повод падот на Бајден и истакна дека претседателот е добро и дека не му е потребна лекарска помош.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави видео од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја коментираше несреќата на Бајден на скалите пред насобраните.
Според светските медиуми, зборувајќи пред луѓето во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, Трамп се потсмевал на падот на политичарот кој го победи на претседателските избори во ноември минатата година.
„Го гледав Џо Бајден како се качува по скалите денес“ – им рече Трамп на група луѓе кои се смееја.
„Не изгубив од него. Не изгубивме од него. Речиси 75 милиони гласови, а веројатно и повеќе од тоа“, додаде тој, како што пренесува „Раша тудејс“.
Former President Trump responds to President #BidenFall
“I watch as Joe Biden went up the stairs today and I said ‘I didn’t lose to him,’ which we didn’t lose to him. Almost 75 million votes and probably a lot more than that”
Video credit → Robert Petosian via TikTok pic.twitter.com/oDgKi2kByv
— Mona Salama (@MonaSalama_) March 20, 2021
Трамп во неколку наврати истакна дека претседателските избори биле наместени во корист на Бајден. Во меѓувреме, тој беше блокиран на социјалните мрежи поради таквите зборови, и му се судеше пред Сенатот за предизвикување немири на 6 јануари и упад во зградата на Конгресот во Капитол Хил. Во инцидентот загинаа пет лица.
Сепак, Трамп беше ослободен од обвинението дека ги поттикнувал масите и предизвикувал немири.