„Топ ган: Маверик“ е сè што критичарите велат дека е – забавно и возбудливо величење на индивидуалната храброст. Сепак, тој е само еден симпатичен филм кој и покрај тврдењата за реализам (актерите, наводно, летаат во вистински авиони) дава прилично нереална слика, пишува „Слејт.ком“.
Тезата на овој филм, ако воопшто постои, е дека и покрај модерното ширење на паметни бомби, дронови и беспилотни летала, нема замена за лудо талентираниот пилот на борбен авион кој носи 30 тони метал со хиперсонична брзина во зона на голема опасност, ги фрла своите бомби на цели и се враќа назад, со необични маневри помеѓу сето тоа.
Гледано сериозно (да признаеме, тоа не е начин за гледање на овој филм), вистинската, иако веројатно несвесна порака на филмот е токму спротивното. Деновите на чуда во пилотската кабина – како оние што ги изведе капетанот Пит Мичел (Том Круз) во оригиналниот блокбастер пред 36 години – навистина завршија.
Вистинската мудрост во овој филм доаѓа од неговите најнепривлечни ликови (вкочанети адмирали кои ги играат Ед Харис и Џон Хам), кои му велат на Мичел: „Иднината доаѓа, а ти не си во неа“.
Маверик успева да ја отфрли нивната технофилија само затоа што сценариото на филмот е толку апсурдно.
Можеби веќе го знаете заплетот. Непријателска држава (не именувана и не е погодна за ниту една земја во реалниот свет, иако Иран е најблиску до описот) изградила фабрика за збогатување ураниум во длабока долина опкружена со планини. САД мора да ја уништат централата пред ураниумот да влезе во неа. Маверик, кој одамна е деградиран на тестирање егзотични развојни авиони, е повикан да смисли план за напад и да обучи нова група Топ-ган пилоти да го изведат нападот.