На Том Хенкс му беа потребни повеќе од 35 години да го сними својот прв вестерн, па кога конечно седна на коњ и влезе во престрелка, тој сакаше да се осигури дека филмот има нешто посебно да каже.
Хенкс, познат по тоа што секогаш игра улоги на добри момци, глуми во News of the World, кој излегува во киносалите во САД на 25 декември.
Тој се пошегува дека сака да мисли на филмот како за „Мандалоријанецот, без светлосни сабји“.
„Нема поента да се направи вестерн само за да можете да облечете удобна облека и шешир. Мора да станува збор за нешто поголемо од самиот жанр “, рече Хенкс.
Дејствието на филмот е поставено по граѓанската војна во САД, а приказната го следи капетанот Џеферсон Кајли Кид (Хенкс) додека патува низ поделената Америка читајќи вести во мали градови.
Вестерн драмата е адаптација на истоимениот роман од 2016 година на авторката Паула Жил.
За Хенкс и режисерот Пол Гринграс, News of the World е за моќта на заздравување по несреќни настани.