Утрински Весник
Магазин

(Видео) Том Хенкс во апокалиптична драма „Финч“

(Видео) Том Хенкс во апокалиптична драма „Финч“

Претстојниот филм „Финч“ со Том Хенкс во главна улога ќе дебитира на стриминг-платформата „Епл плус“ во ноември.

„Финч“ е за инженер за роботика (Том Хенкс) кој се обидува да преживее во нов постапокалиптичен свет, чија површина и население се десеткувани од разорен блесок на сонцето. Со него е четириножниот крзнен сопатник Гудиер и роботот наречен Џеф. Во средиште на сето тоа е решеноста на Том да најде некој што ќе се грижи за Гудиер по неговата смрт.

Научно-фантастичната драма се случува по сончев блесок што го уништил животот на Земјата. Инженерот Финч преживеал една деценија постапокалиптичен пустош во подземен бункер каде живее заедно со своето куче Гудиер.

Во бункерот тој создава робот, а во најавата за филмот се гледа како тројката тргнува на пат да најде засолниште за да избегне смртоносна бура. Нивното патување е поплочено со многу предизвици – екстремни временски услови, немилосрдна топлина, УВ зрачење – но и со и со хумор. Финч се обидува да ги поттикне Џеф и Гудјер да се сложуваат и воедно се справува со опасностите од новиот свет.

„Финч“ ќе биде достапен за стриминг на „Епл ТВ плус“ на 5 ноември 2021 година.

Можете да прочитате

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри

Настап што ги расплака сите, натпреварувач од шоуто „ТЛЗП“ се трансформираше во легендарниот македонски пејач Тоше Проески