Утрински Весник
Македонија

(Видео) Томовски: Понижувањата се систем и начин на работа на власта на СДСМ

Последниот скандал во низата понижувања на премиерот Ковачевски покажува дека понижувањата се систем и начин на однесување кога станува збор за власта на СДСМ. И скандалот со прифаќањето на провокацијата за ословување на Македонија како Западна Бугарија, не е прв испад на државниот врв. Однесувањето на подвиткана кичма кое го започна Зоран Заев успешно го продолжува Димитар Ковачевски, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем предавствата и понижувањата е единствената работа која со успех ја прави оваа влада, наспроти поразите, инфлацијата и сиромаштијата. Погледнете го ова видео како македонските премиери Заев и Ковачевски одобруваат дека македонскиот јазик бил бугарски, дека Македонија наводно била Западна Бугарија и како со омаловажување се однесува регионот кон луѓе без кичма како Ковачевски и Заев. Кога Ковачевски без проблем прифаќа дека Македонија е Западна Бугарија можете да замислите што се прифаќа на зелена маса кога преговара со Бугарија“, вели Томовски.

Кога вака се однесува, кога ја понижуваат државата и народот, можете да замислите, вели тој, што се прави кога нема камери.

Ковачевски, оценува Томовски, е компромитиран и нема никаков кредибилет веќе да преговара со Бугарија.

„Тој прифати, се смее и не реагира на наводите дека Македонија била Западна Бугарија. За нив ова е смеа а за македонскиот народ и граѓани патење и понижување. Бараме итно Ковачевски да се тргне од преговорите со Бугарија бидејќи ја понижува државата, да си даде оставка и да се извини на граѓаните на Македонија поради огромниот скандал. Со секој поминат ден Македонија го пробива дното со оваа власт“, нагласува членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Оценува дека „ваков блам“ не смее да биде премолчен.

Можете да прочитате

ДУИ: Коридорот 8 го носи нашиот потпис

ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати, излегоа снимки и докази

На граничниот премин Богородица се чека околу 20 минути