Утрински Весник
Македонија

(Видео) Томовски: Минималната плата не е доволна ниту за преживување, бараме итно да се воведат мерки

Eдна минимална плата не е доволна ниту за основно преживување, рече на денешната прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа тој, инфлацијата е последица на неспособноста на владата и таа не е увезена, туку исклучиво автентична.

„Состојбите се повеќе од алармантни, а државата влегува во колективна сиромаштија. Една минимална плата во однос на куповната моќ за едно просечно семејство изгледа вака: 10 килограми зеленчук, еден пакет масло за јадење, еден резервоар со бензин, пакет млеко, 30 леба и 5 килограми овошје е еднакво на една минимална месечна плата. Во ова не спаѓаат ниту парите потребни за месечни сметки за режиски трошоци, пари за училиште, градинка, а не се ни помислува за културен или спортски живот. СДСМ наместо живот, донесе сиромаштија“, истакна Томовски.

Според него, потребно е итно дејствување и активизам.

„Затоа бараме предлог-закон со кој прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на годината, односно до 31 декември 2022 година. Ценовниот шок кој сега се случува е само распламтување на веќе постоечкиот ценовен шок. Дополнително, бараме ДДВ за течните горива да биде пет отсто до крајот на оваа година со што владата итно ќе влијае директно на пад на цените на горивата“, истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде дека одбивањето на овие две мерки би значело одбивање да се помогне на загрозените граѓани.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат