Утрински Весник
Свет

(Видео) Тепачка во јорданскиот парламент – летаа тупаници и шамари

(Видео) Тепачка во јорданскиот парламент – летаа тупаници и шамари

Пратениците во јорданскиот парламент денеска се степаа во живо на телевизија за време на дебатата за уставните реформи, вклучувајќи го и прашањето за родовата еднаквост, што доведе до прекин на седницата.

Жестока дискусија изби меѓу пратениците и претседателот на парламентот Абделкарим ел Дагми. Причината беше амандманот со кој се додава заменик за женски род за граѓаните на Јордан во поглавјето од Уставот, кое гарантира еднакви права на сите граѓани, пренесе АФП.

Неколку пратеници жестоко се спротивставија на амандманот, нарекувајќи го некорисен. Дагми ја напушти салата, а седницата ќе продолжи утре.

Уставот на ова кралство бил усвоен во 1952 година и променет 29 пати, при што, според експертите, овластувањата на монархот биле зголемени на сметка на законодавниот дом.

Можете да прочитате

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би донело катастрофа