Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Телохранител“ добива холивудски римејк

(Видео) „Телохранител“ добива холивудски римејк

„Телохранител“, филмот од 1992 година што ја лансираше актерската кариера на покојната Витни Хјустон и ја претстави нејзината најпозната песна, ќе добие нова верзија.

Холивудското филмско студио „Ворнер Брос“ во средата соопшти дека преработката на романтичниот трилер е во развој со сценарио напишано од американскиот драматург Метју Лопез.

Не беа дадени детали за кастингот, дејствието или потенцијалниот датум на објавување, но „Ворнер Брос“ откри дека Лоренс Кесдан, писател и продуцент на филмот од 1992 година, ќе ја копродуцира новата верзија.

Хјустон го имаше своето актерско деби во „Телохранител“, глумејќи пејачка која ја штити поранешен агент на тајната служба (Кевин Костнер) од непознат демнач.

И покрај тоа што немаше добри рецензии од критичарите во тоа време, тој беше втор најголем филм на светските киноблагајни во 1992 година, а изведбата на Хјустон на баладата на Доли Партон, I Will Always Love You, стана класик.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста