Утрински Весник
Свет

(Видео) Тајландскиот премиер ги испрска новинарите со спреј за дезинфекција

(Видео) Тајландскиот премиер ги испрска новинарите со спреј за дезинфекција

Тајландскиот премиер Прајут Чаноче на новинарско прашање за реконструкција на неговиот кабинет реагирал така што зел спреј за дезинфекција и почнал да ги прска новинарите.

По прашањето, тој рече дека прво треба да биде информиран за тоа како премиер и дека воопшто не треба да го прашуваат за тоа, пренесува „Ројтерс“.

После тоа им пришол на новинарите и почнал да ги прска со средство за дезинфекција. Сето тоа се случило за време на преносот во живо на прес-конференцијата.

„Има ли уште нешто да се праша?“, рекол тој, стоејќи на говорницата. „Не знам, не сум го видел. Нели е тоа нешто што премиерот треба прво да го знае?

За време на брифингот во живо, тој ја напуштил говорницата, грабнал мало шише дезинфекција, опуштено им пришол на новинарите и ги испрскал држејќи хируршка маска пред лицето.

Прајута Чаночеје е на власт од 2014 година, кога се случи воен удар. Ова не е прв пат да се однесува контроверзно на прес-конференции.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Избрана е најпријателската земја во Европа

Крипто пирамидална шема и во Холандија

Ураганот Кирк се движи кон Европа, ќе ги погоди Франција, Белгија, Холандија и Германија