Утрински Весник
Економија

(Видео) Тасевска: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе пари за капитални проекти

(Видео) Тасевска: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе пари за капитални проекти

Ребалансот на Буџетот за 2021 обезбедува повеќе пари за капитални проекти, изјави Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ, и ги повика сите пратеници да го поддржат.

„Ребалансот на Буџетот за 2021 година е во насока на обезбедување повеќе пари за капитални инвестиции, за вложување во човечкиот капитал, со што ќе се влијае на економскиот раст и животниот стандард на граѓаните. Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година“, појасни таа.

Со ребалснот, додаде Тасевска, се фокусираме на имплементација на капиталните инфраструктурни проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот сектор, земјоделството и заштитата на животната средина.

Исто така, пратеничката изјави дека со предложениот ребаланс на Буџетот се издвојуваат 2,7 милијарди евра за инвестиции во човечки капитал, односно во образование, здравство и социјална заштита, што во однос на периодот од пред три години е повеќе за над половина милијарда евра.

„Овој важен документ е потврда на заложбите на СДСМ и коалицијата за градење на стабилна, развојна економија која ќе продуцира зголемен раст и носи шанса за сите. Апелираме до сите пратеници, да покажат одговорност и да гласаат за усвојување на ребалансот на Буџетот за 2021 година“, рече Тасевска.

Можете да прочитате

Клима уред или субвенција за струја – услови и потребни документи за аплицирање

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар