Остануваме посветени на силна и стабилна економија велат од владеачката СДСМ.
Пратеничката Лидија Тасевска потсети дека тече реализацијата на бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.
„Според јавно објавените податоци од развојната банка, досега, одобрени се вкупно 2.122 кредитни барања во вкупен износ од 24,3 милиони евра. Во овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии вработени се вкупно 16.009 вработени. Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии“, информира Тасевска.
Таа напомена дека ова е конкретна помош за малите и микро компании, за трговците поединци, за занаетчиите кои преку ваквиот механизам добиваат поддршка во зајкнување на ликвидноста и зголемување на својата конкурентност во време на санирање на последиците од коронакризата.
„Бескматаната линја „Ковид 3“ продолжува се до исцрпување на расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра“, додаде Тасевска.