Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Талибанците убиле авганистански комичар кој им се потсмевал на „ТикТок“

(Видео) Талибанците убиле авганистански комичар кој им се потсмевал на „ТикТок“
300x250 opst2

Талибанците кон крајот на јули егзекутирале познат авганистански комичар, кој ги исмевал на „ТикТок“.

Британски „Дејли Мејл“ објави видео на кое се гледа Назар Мухамед, попознат како Каш Зван, во автомобил со вооружени исламистички милитанти. Тој е познат по своите снимки на „ТикТок“ во кои ги исмева талибанците преку песна и танц.

Во видеото на кое се прикажани неговите последни моменти, комичарот се пошегува на сметка на талибанците, поради што милитант во автомобилот му удри неколку шлаканици.

Според извештаите, по погубувањето се појавиле фотографии на кои се гледа како комичарот стои покрај дрво, потоа како лежи на земја со пресечен врат.

Талибанците прво ги демантираа информациите дека се вмешани во убиството на комичарот, иако признаа дека двајцата мажи на снимката биле членови на нивната група. Тие рекоа дека комичарот е уапсен, додавајќи дека ќе му суди талибанскиот суд.

Според талибанците, Назар бил вмешан во мачење и убивање на нивни членови. Комичарот претходно работел за авганистанската полиција, а потоа станал познат по шегите и духовитите песни.

Можете да прочитате

НАТО нема да дозволи ниту една држава членка да се соочи сама со Русија

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами