Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Талибанците ги затвораат жртвите во багажници и им се губи секаква трага, сведочат претставници за човекови права

(Видео) Талибанците ги затвораат жртвите во багажници и им се губи секаква трага, сведочат претставници за човекови права
Img 7972

И покрај ветувањето на Талибанците дека нема да ги користат бруталните методи вообичаени во првиот период од нивното владеење од 1996 до 2001 година, се повеќе се јавуваат извештаи за одмазда против поранешните авганистански војници и владини претставници, велат борците за човекови права, пренесуваат медиумите во светот.

Во јавноста се појави видео кое го докажува тоа, пренесуваат тие.

На снимката се гледа како исламистички борци туркаат непознати млади луѓе во багажници на автомобили во Кабул, главниот град на Авганистан.

Мишел Бахелт, високата комесарка на ОН за човекови права, во понеделникот рече дека видела веродостојни извештаи дека талибанските борци оделе од куќа до куќа за да најдат некој што и помогнал на поранешната влада или на Соединетите Американски Држави.

„Службениците кои работеа за претходните администрации и членовите на нивните семејства се приведени. Во некои случаи, службениците беа ослободени, а во други беа пронајдени мртви“, додаде таа.

Нејзините тврдења беа потврдени со снимка на која се гледа како мажи, облечени како Талибанци, апсат четворица млади мажи.

Според дописник на Иран Интернационал, снимката е направена во квартот Саланг Ват во Кабул, а киднапираните мажи се од Паншишир, провинција која од неодамна паднала во рацете на талибанците.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД