ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски денеска повторно го покажаа своето антизападно и антидржавно лице. Се редат изјави на функционери од ВМРО-ДПМНЕ дека и понатаму оваа партија е против Договорот од Преспа, изјави Миле Талевски, пратеник на СДСМ.
Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е против државните интереси, против членството во НАТО и ЕУ, против нашите стратешки партнери.
„ За нив не се важни интеграциите на татковината ниту нејзината иднина, ти е се само за блокади. За Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се важни ниту односите со нашиот стратешки партнер и докажан пријател САД. Стануваат изолирани и неважни. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, им врти грб на граѓаните, на нашиот најважен стратешки сојузник, САД. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е на страна на државата, на страна на напредокот, на страна на граѓаните“ нагласи Талевски.
СДСМ ја поздравува последната одлука на претседателот на САД, Џо Бајден. Според владејачката партија, со оваа одлука се проширува опфатот на санкциите и врз оние лица или ентитети што ги загрозуваат Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор.
„ Рамковниот договор и Преспанскиот договор се дел од нашите државни и национални интереси и тие се поклопуваат со интересите на нашите пријатели и стратешки партнери, САД. Овие два договори се гарант за стабилноста пример за стабилизација и напредок на нашата држава и целиот регион, а еден од најсилните гарантори за договорите е нашиот стратешки сојузник САД“ вели Талевски.
Тој порача дека додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади и работи на штета на државните и националните интереси, СДСМ продолжува со храбри визионерски чекори и презема политики што носат напредок развој и интеграција.