Утрински Весник
Свет

(Видео) Таксист херој од Ливерпул: Бомбашот напаѓач го заклучи во автомобилот

(Видео) Таксист херој од Ливерпул: Бомбашот напаѓач го заклучи во автомобилот

Вчерашната експлозија на такси возило пред болницата во Ливерпул полицијата ја оквалификува како терористички напад.

Во експлозијата загина патникот во таксито кој носел импровизирана експлозивна направа. Повреден е таксистот кој беше прогласен за херој бидејќи го заклучил патникот во возилото.

Таксистот Дејвид Пери успеал да побегне пред експлозијата, а властите нагласија дека во крајно напнатата и опасна ситуација тој постапил со неверојатна храброст.

Пери е пуштен од болница и сега се опоравува дома, пишува „Скај њуз“.

Во експлозијата загина патникоѕ во таксито кој на себе имал експлозивна направа. Полицијата во врска со инцидентот уапси уште четворица мажи на возраст од 29, 26, 21 и 20 години.

Засега не е познат идентитетот на лицето кое загина во експлозијата.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking