Утрински Весник
Свет

(Видео) Судир на патнички возови во Малезија, повредени над 200 патници

(Видео) Судир на патнички возови во Малезија, повредени над 200 патници

Повеќе од 200 лица се повредени при судир на два воза, во малезискиот главен град Куала Лумпур.

Несреќата се случила кога еден од возовите, кој бил празен, удрил во друг воз со 213 патници во него.

Според началникот на локалната полиција, 47 лица се тешко повредени, додека 166 се здобиле со полесни повреди, пренесува „Ројтерс.

„Сè уште го истражуваме инцидентот, но се сомневаме дека можеби имало погрешна комуникација од контролниот центар на железницата“, рече директорот на локалната полиција Мохамед Заинал.

Видеата и фотографии кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат локви крв и скршено стакло во вагоните.

Можете да прочитате

Наводи за употреба на експериментално оружје во операцијата против Мадуро

Шведска ќе инвестира 1,6 милијарди долари во системи за воздушна одбрана

Данска потврди дека Марко Рубио ќе се сретне со данскиот шеф на дипломатија за Гренланд