Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стојчевска: Зголемено парламентарно мнозинство ќе стави крај на блокадите од опозицијата во Собрание

(Видео) Стојчевска: Зголемено парламентарно мнозинство ќе стави крај на блокадите од опозицијата во Собрание

Со месеци траат блокадите и опструкциите на важни закони од страна на опозицијата во Собранието. Поради неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието се заглавени закони кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на овие блокади и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури. Меѓу нив се измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, но и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари“, вели Стојчевска.

Пратеничката од СДСМ смета дека ќе се надминат и блокадите на законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат трајно вработување со што ќе стекнат правна и економска сигурност.

„Стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе го донесе и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија. Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните кои не избрале и кои не плаќаат преку Буџетот. Носењето на овие закони, но и други измени и дополнувања на законите ќе обезбедат подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата“, дополни таа.

Ова како што рече е особено важно имајќи ги во предвид предизвиците како енергетската криза, пандемијата и секако продолжување по евро-атланскиот пат на државата, рече Стојчевска.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово