Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: 215.000 помалку работници заради лагите на СДСМ и ДУИ

Власта и државната статистика со денови молчат за тоа како е можно Македонија во два квартала, за неполна половина година, да загуби 215.000 работоспособни луѓе, рече на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се податоци од Државната статистика. 104 илјади од овие 215.000 биле вработени, така се водени до крајот на 2021, како вработени, а сега ги нема! Ова е резултат на девастирачките политики на СДСМ/ДУИ за економијата, политики со притисок врз приватниот сектор, политики со полнење на јавната администрација, политики за затворање наместо отворање работни места. Политики на лага кон земјоделците, политика на лага кон стопанствениците, лага кон работниците дека ќе им биде вреднуван нивниот труд“, обвини Стоилковски.

Тој на крајот повика граѓаните да се приклучат на протестот за промени пред Владата на 18. јуни во 20 часот.

Можете да прочитате

МВР сo детали за престрелката во Чаир: Ранетиот кажал кој пукал во него

ЦУК: Обилните врнежи ја загадија водата за пиење во Гостивар

Полицијата со детали за несреќата кај Беловиште, тешко повреден 45 годишник