Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: На тендер од 10 милиони евра за битумен за Македонија пат, над 4 милиона евра повеќе за транспорт

„Само и само од набавка на битумен, набавка од Македонија пат, на тендер од 10 милиони евра, заради крајно високи и непазарни цени во документацијата, постои сомнеж за криминална заработка од над 4 милиона евра. Македонија пат на 9 мај склучила договор за две години со компанијата Топ Билд ДООЕЛ од Скопје, член на група: Хифа Оил од Тешањ – БИХ, како носител на набавка на 9.350 тони битумен. Тоа се вкупно, броено во цистерни 374 цистерни за транспорт по 25 тона битумен”, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека цената на битуменот се гледа на берза, и таа е еднаква за сите и изнесува 592евра за тон. Тоа што е променливо и што ги прави промените во цените при набавка, се трошоците во делот за транспорт до оној што го порачува, давачки кон државата и заработка од транспортот.

Македонија Пат склучила договор од 1069 евра за тон вкупно, па ако се иземе цената на битуменот од 592 евра, излегува дека трошоците за транспорт се 487 евра за тон. Или помножено со 25 тона, тоа се 12. 175 евра за цистерна, со што вкупно, за сета набавка се добива сума од речиси 4,5 милиони евра за транспорт.

Стоилковски додаде дека цената којашто Македонија пат ја прифатила за да се донесе битуменот е нереална и превисока, и ако се споредува и со други набавки, но и ако се земе предвид реалната цена на пазарот за транспорт, се работи за договор, тендер, по крајно високи и непазарни цени.

Нема ден да нема нов криминал од оваа предавничката власт. Додека јавноста е шокирана од предавството и од потписот за прифаќање на асимилација, СДСМ и ДУИ се држат за фотељите само и само за криминал повеќе, изјави Стоилковски.

Можете да прочитате

Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево

Рекорден број на итни повици на 112, примени 4199 повици за еден ден

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се сити на пожарите, шири политички хаос и прави политички маркетинг