Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Забрчанец да одговори дали бил во комуникација со Боки

(Видео) Стоилковски: Забрчанец да одговори дали бил во комуникација со Боки

“Вчера Бојан Јовановски, сопственик на медиум, според Зоран Заев провладин медиум, директно го именува Марјан Забрчанец, пет години главниот човек на Заев за владината пропаганда, дека тој ги пишувал текстовите и испраќал содржина за вестите на 1ТВ, телевизија на Бојан Јовановски, со тоа што дневно испраќал, го цитирам писмото на Бојан Јовановски – „по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер“.“,изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски потсети дека Бојан Јовановски беше сопственик на телевизија на чие што крунисување присуствуваше цела влада, обвинителство, судство, со еден збор – цело СДСМ. И Јовановски вчера директно посочи дека всушност, содржината на вестите во таа телевизија биле пишувани и уредувани од Владата. Уште повеќе, Бојан Јовановски во отвореното писмо до Зоран Заев наведува за, цитирам – „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и за повторно ќе цитирам – „платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец“.

Според ВМРО-ДПМНЕ ова е сериозно обвинување од сопственик на медиум за чија што близина со членови и врвот на СДСМ, членови од државниот, правосудниот и политичкиот врв е неспорна за било кого во државата.

Како што истакна Стоилковски евентуалниот молк на Марјан Забрчанец на овие прашања ќе го отворат и прашањето за политичко судско обвинителскиот притисок врз новинари и медиуми водени од луѓе коишто не се дел од оние, ќе се послужам со зборовите на Бојан Јовановски, цитирам „оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат“, како и, повторно цитирам „твои новинари кои што ги раководи Марјан Забрчанец“.

“Марјан Забрчанец не смее да молчи по ваква прозивка од сопственик на според Зоран Заев провладина телевизија“ , додаде Стоилковски

Можете да прочитате

Авион и хеликоптер го гаснат пожарот кај Јажинце – граничниот премин целосно затворен

Собранието подготвува итни измени на Изборниот законик за независните кандидатури

Јакимовски за случајот со Ивановска: „Им требаат градоначалници-фикуси“