Утрински Весник
Свет

(Видео) Стефановиќ: Авионот превезувал муниција на српска компанија во Бангладеш

Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ денеска изјави дека авионот Антонов 12 што се урна во близина на Кавала, северна Грција, превезувал 11,5 тони муниција од српската наменска индустрија во Бангладеш, а во несреќата загинале осум членови на екипажот. Тој додаде дека меѓу загинатите нема српски државјани.

dobivaj vesti na viber

Стефановиќ на прес-конференцијата рече дека авионот на украинската компанија Меридијан ЛТД. полетал од Ниш синоќа околу 20:40 часот и превезувал муниција на српската компанија Валир за Министерството за одбрана на Бангладеш, биле планирани технички слетувања во Аман, Ријад и Ахмедабад, а требало да слета во Дака.

https://www.youtube.com/watch?v=zW3U6TzBoNE

„ Овој авион ги имаше сите соодветни дозволи, се во согласност со меѓународните прописи“, рече Стефановиќ и додаде дека не се точни тврдењата на некои медиуми дека на тој лет се транспортирало оружје од Србија во Украина, оценувајќи ги како злонамерни и неточни.

Можете да прочитате

Падна француската влада – парламентот ѝ изгласа недоверба

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот