Утрински Весник
Македонија

(Видео) Средба нa Пендаровски со словачкиот министер за надворешни и европски работи

(Видео) Средба нa Пендаровски со словачкиот министер за надворешни и европски работи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Иван Корчок.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, биле потврдени пријателските односи меѓу двете земји и било нагласено дека во иднина штом ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 ќе го овозможи тоа, треба да се интензивира политичкиот дијалог на високо ниво меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски изразил благодарност за силната поддршка на Словачка за нашите евроинтеграции .

„Исклучително ја цениме силната, континуирана и недвосмислена поддршка од Словачка која е наш значаен партнер и поддржувач во евроинтеграциите, силен партнер во НАТО, a се надевам дека нашето партнерство ќе продолжиме да го негуваме и во рамки на Европската Унија“, порача претседателот Пендаровски.

Тој изразил интерес и за интензивирање на соработката, особено во областа на економијата како  и очекување дека ќе се зголемат инвестициите на словачките компании во нашата држава, особено после нашето членство во НАТО и напредокот направен кон ЕУ.

На средбата станало збор и за состојбите во двете држави во однос на пандемијата на Ковид-19, при што се разговарало за конкретните предизвици кои се во интерес на двете држави, а се предизвикани од тешките околности на целиот континент. Претседателот Пендаровски се заблагодарил за словачката поддршка и донации во областа на здравството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

2026 нема да биде спектакуларна, но може да биде пресвртна

Обвинителен акт за возачот кој го усмрти велосипедистот Јорго Ќука

Почина двегодишното дете повредено во глава за време на новогодишната ноќ