Утрински Весник
Свет

(Видео) Србин со „Бе-ем-ве“ во кое имало 35.000 евра бегаше од полицска контрола во Берлин

(Видео) Србин со „Бе-ем-ве“ во кое имало 35.000 евра бегаше од полицска контрола во Берлин

Сцени како во холивудските криминалистички филмови се случиле на улиците на Берлин, каде полицаец пукал на автомобил чиј возач се обиделе да избегне контрола.

Возачот кој се обидел да избега од полицијата е 32-годишен Србин, тврди „Билд“, додавајќи дека во возилото имал 35.000 евра во банкноти од 100 и 200 евра.

Парите, како што е наведено, биле одземени, а тој бил уапсен и одведен на распит.

Во потерата по Србинот полицијата испукала нелколку куршуми.

„Два проектила завршиле во моторот на автомобилот“, потврди полицискиот портпарол, додавајќи дека возачот не е повреден.

На социјалните мрежи се појави видео од целиот настан, на кое се гледа „Бе-ем-ве“ чиј возач наместо да застане за полициска контрола во Берлин, се урна во полицискиот пункт на мостот во Берлин, дава гас и се пробива низ препреката на патот.

Видеото погледнете го на следниов ЛИНК.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД