Фановите на култната ТВ-серијата „Пријатели“, која заврши во 2004 година, со нетрпение ја очекуваат средбата на шесте актори во една епизода без претходно напишано сценарио.
Средбата насловена Friends: The Reunion Special ќе се емитува на американскиот „Ејч-би-о макс“ на 27 мај, но фановите во Азија се чувствуваа малку изоставени.
А сега, сите фанови во Југоисточна Азија можат да се вклучат во забавата и да ја гледаат дружбата на познатата шесторка во ист ден и време како и во Америка.
Повторното обединување на пријателите ќе се емитува на 27 мај во 3.01 часот (SGT) екслузивно преку HBO GO во Сингапур, Индонезија, Малезија, Филипини, Тајланд, Виетнам, Хонг Конг и Тајван.
За прв пат по 17 години, фановите ќе го видат враќањето на sвездите на „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер.