Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасовски: Покажавме дека и во пандемија може да се организираат фер избори

(Видео) Спасовски: Покажавме дека и во пандемија може да се организираат фер избори
Dik 300x250 mk

„Како Влада покажавме дека навистина можеме и во вакви услови на пандемија, на сериозна здравствена криза, да се организираат фер, демократски, слободни избори и пред сѐ безбедни по здравјето и животот на граѓаните“, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски откако го оствари гласачкото право во Куманово.

Спасовски, кој е носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во втората изборна единица, рече дека било важно граѓаните да гласаат на овие избори за да се одлучи патот на државата.

„И во услови на оваа пандемија е многу важно денеска граѓаните да излезат масовно на избори и слободно да ја изразат својата волја – да видиме врз основа на одлуката каде ќе се движи државата во наредниот период. Ова е сериозен предизвик, заради тоа што во вакви сериозни времиња и одговорноста на секој еден граѓанин е навистина голема, со цел да воспоставиме институции коишто се ефикасни, институции коишто се со полн легитимитет и ќе можат да носат одлуки во наредниот период за зачувувањето на здравјето, да носат одлуки за подобрување на економската состојба во државата“, додаде Спасовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирил Миноски: Апсолутна власт – примерот на Филипини и Фердинанд Маркос

Во Скопје се одржува меѓународен студентски симпозиум посветен на предизвиците во новиот свет на дигиталната ера

Родителите на загинатите деца во ,,Пулс” повикуваат на мирен марш за правично судење на 8-ми Ноември