Утрински Весник
Македонија

(Видео) Спасовски: Општина Пробиштип забележа експанзија речиси во сите области

(Видео) Спасовски: Општина Пробиштип забележа експанзија речиси во сите области

Општина Пробиштип забележа експанзија речиси во сите области, изјави премиерот Оливер Спасовски, кој вчера беше во посета на Општина Пробиштип и се обрати на свечената седница по повод 65 години од постоењето на оваа општина.

„Во периодот на современиот развој, во периодот кога децентрализацијата започна автентично да се применува, Општина Пробиштип забележа експанзија речиси во сите области. Тоа се случи од едноставна причина – локалната самоуправа одлучува самата за себе и во интерес на своите граѓани“, истакна Спасовски.

Тој потенцираше дека во овој период е многу направено, но дека може да се направи уште повеќе, да се довршат започнатите проекти, а новите да стартуваат со нивното спроведување.

„Определбата за поддршката на локалните политики и за рамномерен локален развој беше и останува еден од врвните приоритети на Владата во изминатите три години, а убеден сум дека така ќе биде и во претстојниот мандат. Тоа е определба за квалитетен живот за сите наши граѓани, во оваа наша убава земја, без разлика дали живеат во град, село или мало населено место. Општина Пробиштип е една од оние општините каде што граѓаните имаат отворени врати за соработка со општинските институциите коишто имаат законска обврска го помогнат нивното секојдневно функционирање. Уверен сум дека тоа така ќе остане и понатаму. Тоа го докажува и посветеноста на локалната власт кон развојот на општината, како и напорите што се вложуваат за развој на стопанството, туризмот и сѐ она што значи напредок и добро и квалитетно живеење“, акцентираше премиерот Спасовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија