Утрински Весник
Свет

(Видео) Спасени од пуст остров во Микронезија благодарение на СОС-порака во песок

(Видео) Спасени од пуст остров во Микронезија благодарение на СОС-порака во песок

Тројца морнари од Микронезија, чиј брод заринкал на мал, далечен остров во западниот Пацифик, беа спасени откако спасувачите ја забележале нивната СОС-порака на плажа.

Потрагата по морнарите кои исчезнале пред три дена ја започнале властите во Гуам, блиската американска територија, бидејќи тие не ја завршиле пловидбата од Пулават до коралните острови Пулап.

Тие стигнале до островот Пикелот, скоро 200 километри западно од местото од кое испловиле, јавува „Би-би-си“.

https://www.youtube.com/watch?v=9CNWaH1mtg0

Бидејќи нивната СОС-порака на песочна плажа била забележана од воздух, австралиски хеликоптер слетал и им дале храна и вода.

Морнарите се изгубиле кога нивниот брод долг седум метри останал без гориво и го загубил курсот.

Сите се пронајдени „во добра состојба“ без сериозни повреди, соопштија официјалните лица.

Микронезија се состои од околу 600 мали острови расфрлени низ западниот Пацифик.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата