Утрински Весник
Македонија

(Видео) Со 68 гласа „за“ Собранието го аминуваше францускиот предлог, пратениците од ВМРО – ДПМНЕ не присуствуваа на гласањето

Со 68 гласа „за“ Собранието ги усвои заклучоците по информацијата за францускиот предлог и ја задолжи Владата да го продолжи процесот и да ја усвои преговарачката рамка.

dobivaj vesti na viber

Пред гласањето пратениците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија салата откако три дена нивните пратеници од говорницата бараа да се гласа против францускиот предлог.

Пратениците од СДСМ и коалицијата откако претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека заклучоците се усвоени со 68 гласа „за“ , резултатот го поздравија со аплауз и ги развеаја македонското и знамето на Европската унија.

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје