Утрински Весник
Свет

(Видео) Сопругата на портпаролот на Путин крши чинии во Грција

Татјана Навка (47) – сопругата на Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин објави видео на социјалните мрежи кое наиде на бројни критики, по што го избриша.

dobivaj vesti na viber

Иако е под санкции на Европската унија, Навка била снимена во Грција на одмор како крши чинии, што е традиционален начин на забава кај нашиот јужен сосед.

Сопругата на Песков го објави видеото на Инстаграм иако оваа социјална мрежа е забранета во Русија, како екстремистички медиум.

По критиките од Европската унија, Грците рекоа дека Навка не влегла во нивната земја, а подоцна беше откриено дека на еден од грчките острови дошла од турскиот град Ефес, каде што одмарала додека била видена на јахта.

Дел од коментарите беа: „Дали вашиот сопруг го снима тоа?“, „Зошто не сте на Крим?“, „Ова е срам за Путин и Русија“.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција