Утрински Весник
Македонија

(Видео) Советот за безбедност заседава во Вилата Водно за ситуацијата со Ковид-19

(Видео) Советот за безбедност заседава во Вилата Водно за ситуацијата со Ковид-19

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ започна деветтата седница на Советот за безбедност на којашто се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид -19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.

Со цел справување со заразата, во моментов на сила се неколку мерки како намален капацитет на превозот на патници на 50%, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 23 часот. Од денеска сите граѓани, освен оние кои спортуваат на отворено, децата под 6 години и некои други исклучоци, ќе мора да носат маски и на отворено.

За неносење на маска на отворено предвидена е парична казна од 20 евра. Мерките за носење на маска не важат за лица помлади од шестгодишна возраст и за лица со посебни потреби и пречки во развој. Забрането е групирање на јавен простор, паркови, јавни површини или било која површина на отворено, а казната е 500 евра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара