Утрински Весник
Магазин

(Видео) Скорсезе ја истражува духовитоста на Лебовиц во најава за новиот документарец

(Видео) Скорсезе ја истражува духовитоста на Лебовиц во најава за новиот документарец

Режисерот Мартин Скорсезе се враќа во стриминг-гигантот Нетфликс една година по неговиот номиниран за најдобар филм, „Ирецот“, со нов документарец „Преправај се дека е град“.

Скорсезе ( 78) и режира и е претставен пред камерата за овој нов документарен филм, кој го истражува умот, духовитоста и чудата на хумористката Фран Лебовиц.

Лебовиц е американски авторка, јавен говорник и повремена актерка. Таа е позната по своите сардонски општествени коментари за американскиот живот, филтрирани низ нејзиниот њујоршки сензибилитет.

Трејлерот прикажува извадоци од разговори на режисерот со 70-годишната Лебовиц каде таа ги нуди своите мислења за нејзиниот сакан дом, Њујорк Сити.

Најавата се отвора со настан на „Американскиот филмски институт“(АФИ) во Њујорк, каде таа е на сцената во разговор со Скорсезе и одговара на прашања од присутните фанови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Повеќето луѓе доживуваат страсна љубов двапати во животот

Уапсен хакер кој резервирал престој во луксузни хотели за еден цент

Пакомак го отвори пријавувањето за конкурсот Trash for Art 2026