Утрински Весник
Свет

(Видео) Скандал во Италија: политичарка испеа фашистичка химна на радио

(Видео) Скандал во Италија: политичарка испеа фашистичка химна на радио

Членка на владата на северниот регион Венето, Елена Доназан, која ја претставува централнодесничарската партија „Фратели д’Италија“, предизвика скандал откако во радиоемисијата на јавниот сервис РАИ ја испеа фашистичката химна „Црна лента“.

Членовите на регионалната влада од Демократската партија бараат од претседателот на регионот, Лука Заја, јасно и јавно да се дистанцира од политичарката, да ѝ го одземе мандатот и целата влада на регионот да го осуди чинот на пратеничка која е задолжена за образование.

Елена Доназан тврди дека слободата на говорот е загрозена, но членот на Демократската партија и член на регионалната влада, Џакомо Посамаи, тврди дека ваквото објаснување е потполно неосновано и дека токму фашизмот што го слави е спротивен на слободата на говорот.

„Периодот на фашизмот е најтемниот дел од историјата на Италија и тоа беше режим што ја укина слободата на говорот, ширеше омраза и расизам“, потсети Посамаи.

Италијанските медиуми јавуваат дека, по овој скандал, Доназан веќе ја нема на социјалните мрежи.

Нејзините профили се затворени или блокирани на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk