Утрински Весник
Свет

(Видео) Сирени во Косовска Митровица: Србите го блокираа патот; Албанците се собираат

Сирени се слушаат во северниот дел на Митровица, јавува репортерот на „Косово онлајн“.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните почнаа да се собираат во центарот на Северна Митровица каде што народот ќе поставува барикади, известува медиумот, пренесе „Б92“.

Се собираат граѓани незадоволни од воведувањето на мерките за реципроцитет чија примена треба да започне на полноќ, а кои вклучуваат непризнавање на личните карти на Република Србија на премините. На граѓаните со српски документи ќе им биде врачен влезно-излезен документ, а утре ќе почне пререгистрацијата на возилата на српски регистерски таблички со косовски.

Околу 18 часот локалните Срби го блокираа патот кон Лепосавиќ.

Во Рудар има околу 100 Срби, додека, според информациите на „Новости“, поголем број Албанци се собрале во Бошњачка Махала.

Во јужниот дел на Косовска Митровица, веднаш после главниот мост што ги дели северна и јужна Косовска Митровица, се собрани околу 200 Албанци.

Можете да прочитате

Во Франција, контролорите на летање ќе бидат биометриски регистрирани на работното место

Во Брисел, големи демонстрации во знак на поддршка на Палестинците

Анкета: Работниците бараат помалку работни часови, проблемот е во работните процеси