Ваков попис нема ниту во една европска држава, овој закон не е правна рамка за статистика, туку за политика, смета пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.
„Еве живо сум заинтересирана за пример на земја во која на попис наместо резидентното население она со постојано живеалиште значи вие и јас кои тука го поминуваме денот во домот и остануваме тука да спиеме токму таква е одредбата од регулативата, дали има таков пример некаде каде што се попишуваат оние кои што се надвор повеќе од 12 месеци. Замислете ваков попис во Ирска или во соседна Грција, или во соседна Бугарија, или во Италија колкав ќе биде бројот на жителите односно на вкупното население“, рече таа
Силјановска – Давкова смета дека Законот за попис не е правна рамка за статистика оти статистиката е потребна за утре да планираме здравство, образование, култура, социјална заштита, туку за политика.
„Или за трансформација за еден политичко, етнички ако сакате пазарен партиски договор во законот. Таквите закони се лоши закони. Уште една поента, еве нека ми каже некој дали има закон за попис било каде во регионот или во Европа во која т.н. најинформирано лице поим кој нема врска со правото може да ги даде сите податоци за отсутните па дури и да ја декларира нивната етничка припадност, иако во сите меѓународни и европски документи само лично може да ја изразите етничката и верската припадност“, рече пратеничката.