Утрински Весник
Свет

(Видео) Силно невреме во Суботица, улиците останаа поплавени

(Видео) Силно невреме во Суботица, улиците останаа поплавени

Невреме проследено со грмежи, дожд и силен ветер синоќа го погоди српскиот град Суботица и околината, јавија српските медиуми.

Големото количество врнежи за кратко време поплави бројни градски улици и предградија.

Граѓаните на Суботица објавија видеа на социјалните мрежи на кои се гледа како нивните автомобили останале заглавени во вода на улиците, пренесува РТС.

Најкритично било во близина на железничката станица, каде што водата го поплавила патот до висина од еден метар.

Силен дожд падна и во Шабац, каде силниот ветер корнел дрвја.

Можете да прочитате

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд

ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд