Утрински Весник
Свет

(Видео) Силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија, еден загинат и двајца повредени

(Видео) Силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија,  еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице загина, а две се тешко повредени.

Пожарникарите и екипите на брзата помош се на терен.

Според РТС, експлозијата се случила на улицата Абердарева пред зградата на РТС, каде што работниците работеле на реконструкција на инсталациите. Меѓу самите работници има повредени.

Српската државна телевизија неофицијално откри дека експлодирала боца со гас, а Телеграф.рс од својот извор дознава дека експлозијата се случила кога работниците носеле боци со гас.

Силината на експлозијата уништила неколку службени автомобили на РТС, а прозорците на зградата испукале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух

Иранските напади врз американски бази предизвикаа штета од 800 милиони долари

Во Германија масовно се краде дизел гориво