Утрински Весник
Свет

(Видео) Силна експлозија во џамија во Авганистан, се стравува дека има многу жртви

(Видео) Силна експлозија во џамија во Авганистан, се стравува дека има многу жртви

Силна експлозија oдекна денеска во џамија во авганистанскиот град Кандахар, пренесува АФП.

Засега не е познат точниот број на жртви, но Би-би-си наведува дека многумина загинале.

Експлозијата се случила за време на петочната молитва.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат верници како бегаат во паника и страв. Портпаролот на талибанското Министерство за внатрешни работи изјави дека досега се потврдени седум жртви.

Иако се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, дописник на Би-би-си од Авганистан на „Твитер“ напиша дека се очекува Исламска држава наскоро да објави дека се работи за дело на бомбаш-самоубиец.

Пред точно седум дена, експлозија се случи и во џамија во провинцијата Кундуз во Авганистан. Во тој напад, за кој и натаму никој не презеде одговорност, загинаа најмалку 100 луѓе.

И двете експлозии се случија во петок кога припадниците на шиитското верско малцинство во голем број доаѓаат на молитва.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија