Утрински Весник
Свет

(Видео) Силен земјотрес го погоди Перу, камења се одронија од карпите насекаде

(Видео) Силен земјотрес го погоди Перу, камења се одронија од карпите насекаде

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала погоди област во близина на крајбрежјето на Перу, објави германскиот истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ).

Земјотресот бил на длабочина до 10 километри, додаде ГФЗ, пренесува „Ројтерс“.

Засега нема податоци за можни жртви и штети, а службите и граѓаните од патиштата отстранија камења што паѓаа од карпите.

Според сеизмолозите, движење на почвата во оваа земја е забележано во последните 10 часа, а последователните земјотреси имале посилна сила.

Голем дел од жителите на Лима излегоа на улиците поради силните потреси.

Можете да прочитате

Претседателот на Иран потенцираше дека секој напад врз врховниот лидер е објава на војна

Телефонски разговор Руте – Трамп

Прогласена вонредна состојба во Чиле