Утрински Весник
Свет

(Видео) Се шири пожарот во Бодрум, туристите се евакуираат со чамци за спасување

(Видео) Се шири пожарот во Бодрум, туристите се евакуираат со чамци за спасување
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Туристите во Турција денеска побрзаа кон чамците за спасување, откако им беше кажано да се евакуираат од хотелите во егејското одморалиште Бодрум поради непосредна опасност од пожар, објавија турските медиуми. Во гаснењето на пожарите учествуваат голем број пожарникари и хеликоптери, а се вклучија и доброволци.

Единиците на крајбрежната стража ја спроведоа операцијата, а властите побараа од сопствениците на приватни чамци и јахти да помогнат во евакуацијата поради непосредна опасност од нови пожари, пренесува АП.

Денеска околу пладне по локално време, избувна нов пожар во ридовите над Бодрум и брзо почна да се шири кон околните населби.

На социјалните мрежи се појавија снимки од густ црн чад што лебди над ова популарно летувалиште. На снимките што доаѓаат од Бодрум се гледа како туристите со куферите ги напуштаат хотелите, а пламенот се шири.

Според турските медиуми, градоначалникот на Бодрум, Ахмет Арас упатил апел до сите граѓани да не излегуваат на улица без потреба, освен во итни случаи, со цел да им се овозможи на пожарникарите брзо да реагираат за локализирање на пожарот.

На социјалните мрежи се појавуваат и снимки од животни кои бегаат во паника пред огнот што голта се пред себе.

Бројот на загинати во пожарите што беснеат во турските медитерански градови денеска се искачи на шест откако загинаа двајца шумски чувари, потврди турскиот министер за здравство.

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј