Утрински Весник
Свет

(Видео) Се урна зграда во Грузија, се стравува дека има починати, под урнатините има деца

(Видео) Се урна зграда во Грузија, се стравува дека има починати, под урнатините има  деца

Во грузискиот град Батуми денеска се урна дел од станбена зграда, а има и жртви, пренесуваат агенциите.

Под урнатините на петкатната зграда, има заробени лица меѓу кои и деца.

Екипи на брза помош, пожарникари и полиција поставија кордон околу урнатата зграда на местото на несреќата.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат спасувачки тимови со тешка механизација како ги расчистуваат урнатините.

Засега не е позната причината за несреќата.

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција