Утрински Весник
Свет

(Видео) Се урна авион во Русија, загинаа 16 лица

(Видео) Се урна авион во Русија, загинаа 16 лица

Транспортниот авион Л-410 „Турболет“ со повеќе од 20 падобранци се урна во близина на градот Мензелинск во Руската Република Татарстан, пренесуваат руските медиуми.

Според првите информации, 16 лица се загинати во авионската несреќа, а седум од нив се повредени, изјави за медиумите службеник на Министерството за вонредни состојби.

Министерството за вонредни состојби потврди дека во авионот имало 23 лица, пренесе агенцијата РИА.

Можете да прочитате

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот