Тауербриџ стана заглавен повеќе од еден час поради „механичка грешка“, предизвикувајќи сообраќаен хаос во центарот на Лондон. Познатиот мост не успеа да се затвори по отворањето за да му овозможи на брод да помине покрај реката Темза во саботата попладне.
Проблемот траеше повеќе од еден час, што предизвика хаос во сообраќајот во Лондон. На објавени фотографии на социјалните мрежи можеше да се видат редови на мотоциклисти и пешаци од двете страни на мостот, пренесува Би-би-си.
#TrafficUpdate #TravelAlert Avoid the Tower Bridge area the bridge is closed. Please find alternative route … Don’t forget #London Bridge is also closed , except for buses and cycles ⛔️ pic.twitter.com/0Y3Ek7QUqz
— London Traffic Watch (@LondonTrafficW1) August 22, 2020
Лондонската полиција соопшти дека инженерите веднаш почнале со санација на проблемот и мостот повторно бил отворен за пешаци, а властите ги замолиле мотоциклистите да најдат друг начин за движење.
Тауербриџ е една од најголемите туристички атракции во Лондон. Изграден е меѓу 1886 и 1894 година.