Утрински Весник
Свет

(Видео) Серија земјотреси ја погодија Шпанија во текот на ноќта

(Видео) Серија земјотреси ја погодија Шпанија во текот на ноќта

Серија земјотреси ја тресеа шпанската провинција Гранада во текот на ноќта, а најсилниот од нив беше 4,3 степени.

Првите два земјотреса се почувствувани во 21.36 часот во Санта Фе и Каучина кај Гранада и биле со јачина од 4,3 и 4,1 степени, објави Националниот географски институт.

https://www.youtube.com/watch?v=UfQpqiLR524

До 22,18 часот беа почувствувани осум послаби земјотреси со јачина од околу 2,9 степени, пренесува шпански „Ел паис“.

Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека жителите излегле на улица во пижами, иако е во сила полицискиот час поради пандемијата на коронавирус.

Од декември тој дел на Шпанија го потресоа 170 земјотреси и како што рече градоначалникот на Гранада, Луис Салвадор, подобро е да има неколку земјотреси од четири степени, отколку еден од осум.

„Ни беше кажано дека ваквите земјотреси стануваат послаби и спречуваат поголеми“, рече тој.

Експертите сметаат дека најновите сеизмички активности се резултат на приближувањето на евроазиските и африканските плочи за четири до пет милиметри.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНИЦЕФ: Над 400 милиони низ светот живеат во сиромаштија

УНИЦЕФ: Повеќе од 417 милиони деца живеат во сиромаштија, лишени од основните потреби

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе