Утрински Весник
Македонија

(Видео) Серафимовска: Владата нема стратегија за заштита на здравјето на младите и безбеден старт на учебната година

(Видео) Серафимовска: Владата нема стратегија за заштита на здравјето на младите и безбеден старт на учебната година

Денес, 1 септември наместо со традиционалниот почеток на учебната година Македонија се соочува со хаотична и неизвесна состојба во образованието. Освен одложениот почеток од 1 октомври, ситуацијата бележи и средношколци на улиците, наместо во училишните клупи од една страна, и неинформирани родители и ученици од друга страна, изјави Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Владата на Заев нема стратегија за заштита на здравјето на младите и безбеден старт на учебната година, наместо старт на учебна година, добивме ученици кои со право протестираат и збунети родители

Се претворивме во држава на жолт печат каде информации за образованиот процес се добиваат од портали и социјални мрежи наместо по службен пат од училиштата.

Владата предводена од СДСМ веќе имаше неколку месечно искуство со настава во услови на криза, од која за жал ништо не научи и не извлече можни решенија.

Одложен е почетокот на школската година, само заради неорганизираност на старата Влада и училиштата раководени од нивни кадри. За скратена наставна програма веќе 6 месеци неуспешно се говори, а протоколите за учениците наместо навреме беа изработени со закаснување непосредно пред 1 септември.

Учениците од стручните училишта, сместувањето во училишните домови и превозот на учениците се исто така прашања кои сеуште висат во воздух…

ВМРО ДПМНЕ неколкупати до сега излезе во јавност со конструктивни предлози и решенија за предизвиците во образовниот процес. Овие предлози вклучуваа неколку модели на настава меѓу кои и комбинирана настава, како и можност различни општини да имаат различни опции согласно состојбите. Ваквите предлози во целост се поклопуваат со она што сега го бараат средношколците од улица!
Оваа Влада е должна да одговори зошто ги отфрли конструктивните предлози кои доаѓаа од опозицијата? Зошто во време на здравствена криза креира дополнителни кризи и во образованието?
Зошто нема план?

Владата да објави список кои чекори ќе ги преземе за подобрување на условите за учење. Очигледно е.

Ова е Влада без јасна цел, недостаток на визија и со многу прашалници како понатаму, а цената за сите нејзини недостатоци за жал ќе ја плаќаат денешниве ученици и општеството во целина“ порача Серафимовска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!